Tuesday, November 3, 2009

АЛЕЛУЈА

Топлината од огништето на две метра од нас
ги сокотка лицата.
Гали како мајка среќата...

Еден до друг,
еден во друг
- чудесна хармонија...
Колку ли ни требаше да го најдеме спокојството...

Ти си моја мисла,
јас сум твојот збор.
Ти моја црква си и олтар мој,
Јас твоја пченица и вино
и длабок мирис на босилок.

И...иако не постојат опипливи докази,
иако се' личи на бајка ил' сон
јас верувам и од верба фанатик станувам

........дека не си илузија...

No comments:

Post a Comment