Tuesday, November 3, 2009

ПОКЛОН

Во гените пронајдов
аманет оставен од предците мои
мир да немам!
сон да не ме фати!
бел ден да не видам!
Дури не те најдам
дур' не ми го дадеш
она што кај тебе е мое.

Талкав, скитав низ еони
и поминав вселени,
па бушава и прашлива
на прагот ти легнав.
Ти побарав мир,
ти побарав сон,
ми понуди дом.

No comments:

Post a Comment