Monday, November 2, 2009

ЛЕНКА

Откако кејт остави,
манџа во релна загорена
ем салата незачинета
и боса по чорапи се скрсти
постови да реди на форуми -
три кила фазла се здебели
очи ко на кркач и' се ококорија
и кичма свија кораво.

Не беше кејт родена,
за тија пусти постови,
постови - сајбер отрови

Прва година помина,
во град не и се излегува
втора година намина
пријателите досадни и' станаа
трета година форумот
и ја стемнува и ја разденува.

И ноќе кога месечко
пак да си муабетат ја викаше
ветерчок тихо над неа
жална и тага рееше
" Зошто ли, зошто остана
манџа во релна загорена
манџата беше свекрвина

No comments:

Post a Comment