Monday, November 2, 2009

THINKING

се сеќавам....
одамна беше...
ноќта без допири, кога твојот шепот водеше љубов со мојот,
знаеш...знаеш нели? сигурно си видел...
кога сонцето надмено се насмевнува од зад облаците,
а на тревата се познава граница која полека се повлекува???
знаеш, нели?
така...е баш така секоја клетка на мојата кожа бидуваше погалена од него.
Се изгуби смисол за земско постоење,
само твојот шепот...
ах...и погледот...има нешто детско во него, знаеш?
нешто детско, скоро инфантилно,
некој вектор кој разбуди чудни вибрации,
а тие без прашање...без прашање и без одговор направија искра...
искрата пламен...
пламенот оган...
...
...
...
Сега ни судат...
му судат на огнот што не е камен...

No comments:

Post a Comment