Monday, November 2, 2009

ПРОШЕТКА

во душата имаш јоргован,
мирисот ми остана во ноздрите
за спомен,
уште пред да се родам.

По срмени скали се качуваш,
кошница полна ѕвезди да ми набереш
една по една во косата ми ги редиш,
за да ти бидам убава.

Ела, за рака фати ме,
кон небото поведи ме,
прошетај ме по облаците,
пеј ми и лажи ме,
а јас се колнам, ќе верувам
во вечноста и бескрајот
на нашиот неизсонуван сон

No comments:

Post a Comment